24-часовен биланс

Од 1.848 тестирања регистрирани нови 141 случај на ковид-19, 175 оздравени и двајца починати

Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на ковид-19 од кои во Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5 и во Неготино-1. Регистрирани се 175 оздравени, а двајца пациенти починаа, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира вкупно 175 оздравени пациенти и тоа од Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7 и од Ресен-1.  

Починати се двајца пациенти, пациент од Скопје (88) во болнички услови и пациентка од Кичево (80) вонболнички.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.357,  бројката на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 5.287, активни 1.067

Куманово 1.214, активни 258

Дебар 223, активни 124

Штип 1017, активни 301

Прилеп 348, активни 33

Тетово 1103, активни 168

Струга 494, активни 160

Велес 238, активни 25

Битола 178, активни 77

Охрид 303, активни 76

Кавадарци 143, активни 107

Гостивар 610, активни 294

Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)

Струмица 47, активни 31

Крива Паланка 28, активни 14

Радовиш 36, активни 9

Крушево 16, активни 3

Кочани 124, активни 32

Пробиштип 66, активни 20

Демир Хисар 50, активни 31

Македонски Брод 61, активни 47

Пехчево 6, активни 0

Берово 11, активни 7

Валандово 7, активни 1

Виница 42, активни 38

Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 15, активни 3

Свети Николе 253, активни 78

Кичево 225, активни 125

Ресен 146, активни 10

Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со ПЦР метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања на ковид-19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 150

Аеродром - 132

Гази Баба - 120

Карпош – 108

Центар – 90

Кисела Вода – 89

Шуто Оризари – 85

Ѓорче Петров – 76

Бутел - 65

Сарај – 39

Студеничани – 33

Арачиново – 20

Илинден – 20

Сопиште – 11

Чучер Сандево – 9

Петровец – 8

Зелениково- 6

Странец – 3

Нераспределен - 3

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе