24-часовен биланс

Од 1.618 тестирања 88 новозаболени од ковид-19, 5 починати и 135 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и во Кичево-2. Регистрирани се 135 оздравени пациенти, а починаа пет лица, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од кои од Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3 и од Ресен-1. 

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53), од Гостивар (60), од Прилеп (57), од Струга (60) и еден пациент од Битола (60). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.629, активни 586

• Куманово 1.701, активни 193

• Дебар 276, активни 36

• Штип 1233, активни 57

• Прилеп 624, активни 120

• Тетово 1.387, активни 168

• Струга 650, активни 64

• Велес 309, активни 35

• Битола 274, активни 64

• Охрид 409, активни 47

• Кавадарци 215, активни 33

• Гостивар 908, активни 100

• Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 184, активни 115

• Крива Паланка 98, активни 28

• Радовиш 71, активни 21

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 267, активни 103

• Пробиштип 104, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 91, активни 12

• Пехчево 42, активни 9

• Берово 84, активни 26

• Валандово 17, активни 8

• Виница 99, активни 25

• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 24, активни 3

• Свети Николе 316, активни 17

• Кичево 313, активни 37

• Ресен 160, активни 12

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323,  Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со ПЦР метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти, додека на респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Аеродром - 87

• Центар – 80

• Гази Баба – 72

• Карпош – 68

• Чаир – 64

• Кисела Вода – 53

• Ѓорче Петров – 36

• Бутел - 31

• Шуто Оризари – 17

• Илинден – 16

• Сарај – 13

• Студеничани – 10

• Арачиново – 9

• Петровец – 7

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 3

• Зелениково - 2

• Странец – 8

• Нераспределен-6

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе