Од 146 патници петмина позитивни на ковид-19 на летот Скопје-Турку во вторникот

Од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во Турку, Финска, петмина биле позитивни на ковид-19, јавуваат финските медиуми. Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопштил дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Сите петмина се хоспитализирани, но нема детали за нивната здравствена состојба.

Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест. Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани. Исто така, најавија дека надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни.

Претходно, од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направените тестирања, 26 биле позитивни на ковид-19. Триесетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку.

Македонското Министерство за здравство соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзитираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Ниту еден од патниците не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест.

Сепак, МНР преку Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, ја побара листата со имиња на патниците кај кои било констатирано присуство на вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по анализа на сите информации ќе бидесбиде одлучено дали во иднина ќе се бараат ПЦР тестови за граѓаните на соседните држави кои само транзитираат низ земјава.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе