Министерство за здравство

Од 12 јули вакцинација и без закажување

Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk.  Секој кој сака да се вакцинира тоа ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk. Вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Министерството за здравство соопшти дека на состанок на министерот Венко Филипче со директорите на Здравствените домови и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, биле утврдувани насоките за организација на тренска вакцинација која треба да започне од следната недела.

Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе