Двонеделна анализа

Од 101 починат од ковид-19 невакцинирани биле 92, а 9 примиле вакцина

Во период од 6 до 19 август на територијата на целата држава позитивни на ковид-19 биле 9.881 граѓанин, а од нив 1.507 лица или 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно примиле две дози, а по втората доза вакцина поминале најмалку 14 дена, информира Министерството за здравство.

Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

Во истиот период процентот на хоспитализирани лица кои биле вакцинирани изнесува 91%, додека од вкупниот број од 724 моментално хоспитализирани пациенти само 9% се целосно вакцинирани.

Што се однесува до смртноста, таа е драстично повисока кај невакцинираните па во периодот од 6 до 19 август од починатите 101 лице од ковид-19 невакцинирани биле 92 пациенти, а 9 или 9 отсто имале примено вакцина. Анализите, како што соопшти Министерството за здравство, покажале дека починатите имале повеќе хронични заболувања.

Заразените и починатите од ковид-19 се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и со вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Од Министерството потсетуваат дека секоја вакцина што ја има во државава е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход и апелираат граѓаните да се вакцинираат, со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширењето на мутации на Сарс-Ков-2.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе