По успешните експлантации и трансплантации на Клиниката

Објавени имињата на целиот тим кој учествуваше во сложените операции

Благодарни сме на сите лекари кои учествуваа во постапката на утврдување мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката. Целиот тим заслужува да биде споменат и да им се одаде признаниe, соопшти министерот Венко Филипче објавувајќи ги имињата на сите лекари и медицински лица кои беа анггажирани во целиот сложен процес.

Трансплантацијата на срце се изврши на Клиниката за кардиохирургија. Тимот го предводеше директорот на државната кардиохирургија проф.д-р Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези, Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска, Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и Борче Димоски, Верче Стојкоска.

Од Клиника за урологија  д-р Сотир Ставридис, д-р Сашо Дохчев, д-р Алксандар Јосифов, д-р Трајковски, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Виктор Станков, д-р Елена Деспотовска, доц. д-р Петрушева, д-р Александра Гавриловска, медицински сестри Бојана Шатева, Јулијана Петрушева, Весна Ќокеска, Анѓелка Маринова, Горан Петковски, Тања Ничева, Даниела Здравкова, Миодраг Видиниќ, Тања Филиповска, Музафер Јашари.

Од Kлиника за нефрологија проф. д-р Гоце Спасовски, научен соработник д-р Лада Трајческа, научен соработник д-р Ирена Рамбабова Бушлетиќ, д-р Блерим Беџети, медицинска сестра Виолета Танческа, медицински техничар Влатко Џепиќ. Институт за трансфизуологија- проф. д-р Кочо Димитровски, биолог Персида Кадиева.

Рентген институт- д-р Менка Лазарова.

КАРИЛ - доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, д-р Јасна Бушиноска.
Клиника за ортопедија- д-р Александар Трајановски, д-р Милена Богојевска Доксиевска, д-р Александар Савески, д-р Дејан Дамјановиќ, д-р Виктор Камнар медицински сестри Сузана Пејчиновска,Елизабета Стаменова Јовановска, Јасмин Беќировиќ.

Екипи од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Ортопедија, Клиниката Жан Митрев, работеа со часови за да спасат не еден туку повеќе животи, наведе во својата објава министерот за здравство.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе