Објавена Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство.

Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат дополнителна настава за изучување македонски јазик во Германија – Ана Матовска-Смилевска, Катица Мицева и  Аниса Трпчевска, а рецензенти се наставници кои, исто така, предаваат дополнителна настава на македонски јазик – Елица Атанасовска- Стојановска во Франција и Снежана Катарова во Словенија.

„Граматиката е прва ваква книга посветена на македонската дијаспора. На 80 страници учениците од дијаспората ќе имаат можност да ги изучат  теоретски и практично правилата на македонскиот јазик, а со тоа да се стекнат со пактично и теоретско знаење на нивниот мајчин јазик. Книгата е приспособена на возраста  на нашата најмлада генерација ученици во дијаспората“, соопшти Агенцијата за иселеништво. 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе