Започна сместувањето на студентите

Објавен распоредот за вселување во студентските домови

Државниот студентски дом „Скопје" објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов" (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу" и во „Гоце Делчев". Домовите се отвораат денеска според препораките на Комисијата за заразни болести, со точно утврден протокол за заштита од корона вирусот. Вселувањето на студентите ќе биде со преполовен капацитет.

Според распоредот, капацитетот во овие студентски домови изнесува 2080 места, а досега се примени 1614 студенти. Во соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти.

Министерката за образование и наука Мила Царовска завчера соопшти дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата.

До 10 октомври трае и пријавувањето на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk за еднократен износ од 6.000 денари за студенти од ранливи категории кои ги исполнуваат условите. Средствата може да ги искористат за сместување, но исто така и за партиципација за студиите.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе