Објавен конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2021

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научно-истражувачи институции во Велика Британија за 2021 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Конкурсот ќе трае до 1 март 2021. Услови за конкурирање се завршени универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8.00, одлично познавање на англискиот јазик, да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребните документи за пријавување заедно со пополнетата апликација достапна на страницата на Фондот на треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“  бр.54, 1000 Скопје, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката.

Повеќе информации може да се добијат на страницата на Британскиот фонд   или на мејлот: [email protected].

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе