Министерот ќе работи од дома

Нуредини во самоизолација поради контакт со заболен од ковид-19

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на ковид-19.

„Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за ковид-19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот“, пишува Нуредини.

Тој, како што посочува, се тестирал завчера изутрина и резултатот од тестот е негативен.

„Во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома. Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас“, напиша Нуредини на Фејсбук.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе