Државен студентски дом

Ново партерно уредување во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ наскоро ќе добие комплетно ново уредување на дворот. Станува збор за обновување на искршени бекатон плочки на пешачките патеки, пробивање на нова пешачка патека како и поставување на нова урбана опрема и ново зеленило околу четирите згради на студентскиот дом, информираат од Државниот студентски дом.

Како што се наведува во соопштението, во соработка со Министерството за образование и наука, Државниот студентски дом ќе постави рампи за контрола на влез на возила на источниот и западниот пристап во комплексот, а на северната и јужната патека ќе бидат поставени заштитни столпчиња. Целта на поставувањето рампи е регулирање на сообраќајот за да се зачува новото партерно уредување. Рампите ќе бидат механички контролирани и ќе биде овозможен пристап од споредните сообраќајници во случај на потреба од специјално возило.

Постојните дотраени бетонски патеки ќе се реконструираат со павер елементи, а новите патеки со чакал и урбана опрема. Предвидена е и нова пешачка патека на западната страна од Блок Б, со која се олеснува пристапот од блоковите до булеварот, а со тоа и до автобуската конекција за студентите. До секој од споредните влезови од блоковите ќе биде овозможен пристап до рампите за инвалидизирани лица.

Централното зеленило меѓу блоковите има комплетно ново решение, со ниско и високо зеленило. Урбана опрема ќе биде поставена по целиот комплекс соодветно, при што предвидено е да има 38 клупи, 9 корпи за ѓубре, 8 паркиралишта за 5 велосипеди, како и нови инсталации за водовод, канализација, електрична и термотехничка инсталација.

Во овој студентски дом во тек е внатрешното уредување на собите во блоковите Б и Г кои беа реновирани.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе