Новите случаи на ковид-19 се намалуваат, Филипче најави 20.000 вакцини на „Фајзер“ на 19 и 26 април

Трендот на намалување на нови случаи на ковид-19 е во постојан пад што значи дека мерките даваат резултати. Притисокот врз болниците, пак, иако вчера беше помал отколку претходниот ден, сѐ уште е голем со оглед дека има голема бројка на нови случаи, но добро се менаџира во јавните здравствени установи, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче и најави пристигање на вакцини од повеќе различни противодители.

Според Филипче, денеска бројот на новозаболени е околу илјада и има доволно слободни болнички кревети и во Скопје и во другите градови. Најоптоварени се болниците во Куманово и во Битола, но како што рече, се прави распределба на пациенти и од другите градови.

Во однос на вакцинацијата Филипче кажа дека заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани близу 30.000 граѓани, а во А1 арената („Борис Трајковски“) денеска ќе заврши вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура и од утре продолжува вакцинацијата на постарите граѓани. Од утре ќе се вакцинираат и 73 и 74-годишни граѓани а на располагање ќе бидат 2.500 вакцини Спутник V, дополнети со 2.000 Астразенека и 1.000 кинески вакцини.

Филипче исто така најави дека во наредниот период треба да стигнат вакцини од различни производители.

„Од директниот договор до Фајзер најавено е дека на 19 и на 26 април ќе дојдат по 10.000 дози, до крајот на месецов се очекуваат 76.000 Астразенека. Исто така, очекуваме информации од руската амбасада за вакцини Спутник, а најголемата количина што ја очекуваме е од кинеските вакцини, 200 илјади за кинескиот амбасадор во земјава презеде обврска да направи што може за забрзување на процесот во Кина. Вакцините најавени од ЕУ треба да пристигнат во првата недела од мај“, изјави денеска Филипче.

Тој уште најави дека по примерот на А1 арената се планира масовна вакцинација и во Штип, Куманово, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, а ќе има и кампања за вакцинирање на граѓаните.

„Планираме да почнеме со кампањи. Дел од нив се подготвени, другите се подготвуваат. Повторно ја користам оваа можност да апелирам до сите граѓани да се пријават на веб-страницата „вакцинација.мк". За неколку дена ќе има надградување на системот, во однос на добивање известување преку СМС-порака откако граѓаните ќе се пријават и на истиот начин ќе бидат информирани и за терминот за вакцинација“, соопшти Филипче.

Тој вели дека свеста кај граѓаните за потребата од вакцинација е присутна и дополнително ќе се зголемува.

„Верувам дека како ќе пристигнуваат информациите за вакцините кои доаѓаат кај нас, така се повеќе граѓани ќе се вакцинираат“, додаде Филипче. 

 

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе