Новиот Клинички центар ќе има 1.300 болнички легла и 20 операциони сали

На 134. седница на Владата денеска беше усвоена информацијата за изградба на Универзитетски Клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување на интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот Клинички Центар, соопшти Министерството за здравство.

Во исто време, се посочува, Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во Република Северна Македонија.

Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на Универзитетски Клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект, кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиогравски сали, осум родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, стои во соопштението.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе