Нови одлуки на Владата: Бремените жени се враќаат на работа, се укинува задолжителното поседување на сертификат за влез во трговски центри

Владата на денешната седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Согласно овие предлози Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.

Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Македонија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе