Нови оддели и апаратура на Неврологија

Нови оддели се отворени во рамки на Универзитетската клиника за неврологија. Станува збор за одделот за мускулна биопсија и патохистолошка дијагностика на невромускулните болести, кој не работеше повеќе од пет години, и за негово отворање Клиниката обезбедила нов апарат криостат (за замрзнување и сечење на мускулното ткиво), одделот за ликворна дијагностика, кој е во склоп на биохемиската лабораторија, каде ќе се вршат пософистицирани испитувања на цереброспиналниот ликвор, како и дневен центар за интравенска терапија на болни со мултиплекс склероза.

По тој повод Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Клиниката за неврологија со условите кои ги нуди за своите пациенти веќе наликува на современите болници во Европа. Новиот апарат за биопсија на мускул за пациентите ќе овозможи попрецизна дијагноза на невромускулните болести. Бенефит, пак, од лабораторијата за испитување на мозочната течност која е една од најсовремените ќе биде побрзата и попрецизната детекција на дијагностицирање на болестите на мозокот. Ова претставува нова метода во нашиот здравствен систем“, истакна Заев.

Министерот Филипче рече дека повторно се воспоставува дополнителен број пациенти на нова биолошка терапија, а профукционира и лабораторијата на мускулна дијагноза со што овој центар е единствен кој во државата ја дава услугата за дијагноза на невромускулните болести.

Појасни дека ја посетиле и дневната болница, каде ќе се дава терапија за пациентите со мултиплекс склероза, како во современите земји.

„Подготвуваме групна набавака на биолошка терапија, што овозможи на крајот на минатата година, а посебно годинава зголемен број пациенти да ја примаат. Досега ја примаат девет пациенти со мултиплекс, а од оваа година 45. Нова метода пред неколку месеци се направи на Клиниката мултидисциплинарно заедно со клиниките за радиологија и неврохирургија, а тоа е треманот на мозочен удар која е најсовремена метода која се имплементира во сите современи центри ширум светот.  Тоа значи дека ако пациентот дојде во скоро време од почеток на симптомите за мозочен удар, некаде три до четири ипол часа може тромбот да се извади од запушениот крвен сад во мозокот, циркулацијата повторно да се воспостави и значајно да се намалат последиците и да се спаси животот“, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов рече дека освен што вршат едукација на медицински сестри, студенти и специјализанти по неврологија се занимаваат и со болничка дејност. Посочи дека во 2018 година низ нивните амбуланти поминале 31.000 пациент, а болнички лекувале 1.800 пациенит.


Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе