Нови 96 случаи на ковид-19, еден починал во болница и двајца дома

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции. 

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.

Направени се 729 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-15, Биотек 16, Систина-5, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-0, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

Најмногу активни случаи има во Скопје, и тоа 264. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе