Нови 94 лица во државен карантин хотел Молика, 99 лица си заминаа по 14 дена

Заврши 14 дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април годинава.

Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија,

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, „Славија“ и „Попова Шапка“, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе