Министерство за здравство

Нови 600 случаи со ковид-19, 10 починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.317 тестови се регистрирани се нови 600 случаи со ковид-19, како и шест починати пациенти – по двајца од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по еден од Ресен (72г) и Радовиш (72г)), и 743 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се четири починати лица од Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16 јули до 8 август.

Од 600 новозаболени од Скопје се 229, Охрид 46, Битола 38, Куманово 35, Прилеп 30, Тетово 26, Велес 25, Кавадарци 24, Струмица 23, Гостивар 19, Штип 17, Радовиш 11, Кочани 10, Гевгелија 9, Неготино 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар по 5, Богданци и Кратово по 4, Ресен, Крушево и Пехчево по 3, Кичево, Виница и Пробиштип по 2 и Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.

Од 743 оздравени пациенти од Скопје се 284, Битола 56, Кавадарци 36, Охрид 33, Куманово 32, Прилеп 30, Гостивар 29, Тетово 26, Велес и Струга по 23, Штип 22, Струмица 20, Радовиш 16, Неготино 15, Свети Николе 14, Кочани и Кичево по 12, Крива Паланка 9, Берово 8, Делчево 7, Ресен 6, Гевгелија, Богданци и Кратово по 5, Виница и Демир Хисар по 3, Дебар, Крушево и Демир Капија по 2 и Пехчево, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а на активни случаи изнесува 4.089

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе