Од 5.362 тестови

Нови 577 заразени со ковид-19, починаа уште 30 пациенти

Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на ковид-19: Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово - 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип - 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци - 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.

Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од: Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица - 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш - 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Направени се 5.362 тестови преку: ИЈЗ-504, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–92, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 18, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-329, Биотек-331, Систина-110, лабораторија Лаор-405, Синлаб-34, Ремедика-34, Плодност–59, Генеа-27, Никоб лаб-718, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-104, Ројал Медика –24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.051.

Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 78.798, Активни 5.731
Куманово 10.651, Активни 859
Тетово 10.630, Активни 1.192
Прилеп 8.789, Активни 269
Гостивар 7.848, Активни 726
Битола 6.842, Активни 266
Велес 5.886, Активни 231
Охрид 5.673, Активни 554
Кавадарци 5.596, Активни 186
Струмица 5.417, Активни 543
Штип 5.408, Активни 214
Кичево 3.772, Активни 494
Струга 3.699, Активни 618
Кочани 3.053, Активни 101
Гевгелија 2.321, Активни 71
Неготино 2.272, Активни 52
Свети Николе 1.764, Активни 121
Ресен 1.458, Активни 104
Дебар 1.424, Активни 208
Радовиш 1.403, Активни 100
Крива Паланка 1.316, Активни 63
Берово 1.168, Активни 58
Делчево 1.092, Активни 84
Виница 982, Активни 41
Пробиштип 876, Активни 55
Валандово 763, Активни 33
Богданци 539, Активни 31
Крушево 518, Активни 20
Кратово 496, Активни 53
Македонски Брод 449, Активни 39
Демир Хисар 418, Активни 11
Демир Капија 404, Активни 3
Пехчево 304, Активни 8
Македонска Каменица 283, Активни 24
Дојран 138, Активни 3. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе