Најмногу во Скопје и Струга

Нови 53 лица заразени со коронавирус, вкупно 483

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи на ковид-19 во земјава. Вкупната бројка на дијагностицирани сега изнесува 483 лица.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово, кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес што почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем, и странски државјанин што живеел во Скопје 4 месеци.

Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово што почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.
Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица поради ковид-19.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.

За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на ковид-19.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе