Нови 489 случаи со ковид-19, починати 26, оздравени 748 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Струга-15, Велес-11, Битола-13, Охрид-26, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4,  Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.

Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57,  Тетово-27,  Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 34919, активни 11553

• Куманово 4605, активни 566
• Дебар 605, активни 129
• Штип 3240, активни 317
• Прилеп 4077, активни 641
• Тетово 4686, активни 933
• Струга 1972, активни 347
• Велес 2680, активни 529
• Битола 2947, активни 624
• Охрид 2322, активни 574
• Кавадарци 2010, активни 572
• Гостивар 3323, активни 619
• Гевгелија 1112, активни 301 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 188 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2238, активни 636
• Крива Паланка 590, активни 118
• Радовиш 598, активни 128
• Крушево 160, активни 70
• Кочани 1569, активни 253
• Пробиштип 440, активни 49
• Демир Хисар 231, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 30
• Пехчево 137, активни 20
• Берово 485, активни 54
• Валандово 296, активни 67
• Виница 438, активни 67
• Делчево 662, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 189, активни 22
• Свети Николе 1030, активни 128
• Кичево 1545, активни 257
• Ресен 617, активни 134
• Неготино 963, активни 329 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 
Направените 1892 теста се преку: ИЈЗ-403, ЦЈЗ Скопје-47,  Авицена-144, Биотек-100, МАНУ -114,  Клиника „Жан Митрев"-97, Систина со PCR метода -139, лабораторија Лаор –19, Судска медицина-83, ЦЈЗ Битола-34, Инфективна клиника-5, ГАК-15, Синлаб-26, Ремедика-8, ЈЗУ (рапид тест) -656, УК Пулмологија со алергологија –2. Досега во земјата се направени вкупно 390.377 тестирања на Ковид -19.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе