Министерство за здравство

Нови 450 заразени од ковид-19, 28 починати, 1001 оздравен

Нови 450 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 2874 тестирања. Починати се 28 луѓе, а оздравени 1001, соопшти Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 146, Куманово има 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид по 18, Тетово и Кочани  по 17, Велес и Кавадарци по 15, Струмица и Кичево по 14, Виница 11 новозаразени, Гостивар 10, Штип има девет, Демир Хисар – осум, Струга – шест, Крива Паланка и Берово имаат по пет нови случаи, Радовиш и Делчево по четири, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево по тројца, Неготино двајца новозаразени и по еден нов случај имаат Пробиштип, Демир Капија и Пехчево.
 
Пријавени се 28 починати лица: девет од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), четворица од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), тројца од Охрид (73г, 80г и 81г ), по две лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Седуммина од нив се починати во домашни услови (четирите од Битола за цел април), а 21 се починати во болнички услови.
 
Од 1001 оздравен, 432 се во Скопје, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип  по 17, Кочани, Струмица и Радовиш по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – девет, Делчево – осум, Демир Капија – седум, Ресен и Дебар по пет оздравени, Берово – четири, Крива Паланка и Дојран по двајца, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод имаат по еден оздравен.
 
Епидемиолошка анализа на заболени и на активни случаи по градови:
 
Скопје 66 783, активни 6974
Куманово 8425, активни 1090
Прилеп 8116, активни 755
Тетово 7057, активни 570
Битола 6076, активни 1018
Велес 5353, активни 550
Гостивар 5090, активни 378
Кавадарци 5084, активни 367
Штип 4866, активни 410
Охрид 4864, активни 471
Струмица 3954, активни 539
Струга 2918, активни 154
Кочани 2694, активни 264
Кичево 2437, активни 267
Гевгелија 2163, активни 264
Неготино 2135, активни 176
Свети Николе 1471, активни 114
Крива Паланка 1203, активни 65
Ресен 1201, активни 204
Радовиш 1079, активни 108
Берово 1005, активни 60
Делчево 946, активни 89
Дебар 927, активни 43
Виница 795, активни 116
Пробиштип 768, активни 32
Валандово 656, активни 69
Богданци 483, активни 62
Крушево 473, активни 93
Демир Капија 393, активни 24
Демир Хисар 383, активни 66
Кратово 352, активни 9
Македонски Брод 352, активни 24
Пехчево 260, активни 21
Македонска Каменица 228, активни 13
Дојран 132, активни 11
Досега во земјата се направени вкупно 713.139 тестирања на Ковид-19.
 
Од почетокот на епидемијата, бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава е 151 122,  оздравени се 130 910, починати 4742, а активни случаи има 15 470. 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе