Од 3.567 тестирања

Нови 412 заразени и 20 починати од компликации од ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на ковид-19: Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово - по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година.

Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.

Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 85.342, Активни 3.323
Куманово 11.748, Активни 544
Тетово 10.890, Активни 183
Прилеп 9.170, Активни 183
Гостивар 7.981, Активни 65
Битола 7.210, Активни 197
Велес 6.441, Активни 290
Кавадарци 6.043, Активни 153
Охрид 6.038, Активни 206
Штип 5.873, Активни 195
Струмица 5.817, Активни 200
Кичево 4.023, Активни 131
Струга 3.812, Активни 63
Кочани 3.359, Активни 125
Гевгелија 2.460, Активни 61
Неготино 2.331, Активни 23
Свети Николе 1.942, Активни 90
Радовиш 1.553, Активни 57
Ресен 1.546, Активни 44
Крива Паланка 1.508, Активни 120
Дебар 1.451, Активни 22
Берово 1.214, Активни 12
Делчево 1.127, Активни 41
Виница 1.059, Активни 43
Пробиштип 943, Активни 37
Валандово 832, Активни 18
Кратово 610, Активни 56
Богданци 562, Активни 18
Крушево 535, Активни 12
Македонски Брод 476, Активни 12
Демир Хисар 458, Активни 30
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 323, Активни 31
Пехчево 315, Активни 2
Дојран 140, Активни 1.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе