Од 3.337 тестови

Нови 399 заразени со ковид-19, починаа уште 21 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).

Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 3.337 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-159, Биотек-230, Систина-70, лабораторија Лаор-137, Синлаб-53, Ремедика-28, Плодност–31, Генеа-8, Никоб лаб-378, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.495.

Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 84.099, Активни 5.265
Куманово 11.555, Активни 953
Тетово 10.843, Активни 835
Прилеп 9.089, Активни 276
Гостивар 7.962, Активни 410
Битола 7.126, Активни 240
Велес 6.290, Активни 315
Охрид 5.986, Активни 343
Кавадарци 5.971, Активни 207
Штип 5.770, Активни 215
Струмица 5.757, Активни 231
Кичево 3.990, Активни 356
Струга 3.796, Активни 117
Кочани 3.306, Активни 162
Гевгелија 2.429, Активни 81
Неготино 2.321, Активни 35
Свети Николе 1.913, Активни 97
Ресен 1.542, Активни 71
Радовиш 1.531, Активни 78
Крива Паланка 1.451, Активни 98
Дебар 1.450, Активни 65
Берово 1.210, Активни 16
Делчево 1.124, Активни 62
Виница 1.039, Активни 44
Пробиштип 923, Активни 34
Валандово 824, Активни 20
Кратово 583, Активни 58
Богданци 555, Активни 21
Крушево 529, Активни 21
Македонски Брод 473, Активни 29
Демир Хисар 446, Активни 29
Демир Капија 411, Активни 4
Пехчево 314, Активни 4
Македонска Каменица 304, Активни 23
Дојран 140, Активни 1. 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе