Министерство за здравство

Нови 29 заразени од коронавирус, вкупната бројка достигна 177 лица

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјава. Од нив во Скопје се 20, во Куманово 3, во Велес 3, во Прилеп 2 и во Дебар 1, информира Министерството за здравство.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицираните пациенти со ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 108, во Дебар (41) – 1 починат, во Куманово (11) – 1 починат, во Штип (7), во Велес (3), во Кавадарци (2), во Охрид (2), во Прилеп (2) и во Гостивар (1).

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе