Министерство за здравство

Нови 276 случаи на ковид-19 од 2.720 тестови

Во последните 24 часа, регистрирани се 276 нови позитивни случаи на ковид-19 од направени 2.720 тестирања, пријавени се вкупно 10 починати лица, пет во изминатото деноноќие и пет преку системот „Мој Термин“, како и 249 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од 276 нови случаи на ковид-19, од Скопје се 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Од 249 оздравени пациенти, од Скопје се 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г) и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин", пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Направени се 2.720 тестови преку: ИЈЗ-213, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-1108, Биотек-107, Систина-46, лабораторија Лаор-255, Синлаб-20, Ремедика-0, Плодност–48, Генеа-7, Никоб лаб-270,ВФВ Медикал-37, Ели Медика-30, Ројал Медика–60,Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–3,Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.051.

Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе