Се намалува бројката на заразени, но не и на починати

Нови 234 заразени со ковид-19 од 2.907 тестови, починаа уште 25 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти од: Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46г, 60г, 64г, 65г, 67г, 67г, 70г, 71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Направени се 2.907 тестови преку: ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–76, МАНУ-85, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-282, Биотек-885, Систина-193, лабораторија Лаор-160, Синлаб-27, Ремедика-55, Плодност–59, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 468.

Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 67.806, активни 5.169
Куманово 8.678, активни 9.00
Прилеп 8.227, активни 4.47
Тетово 7.163, активни 445
Битола 6.211, активни 726
Велес 5.439, активни 387
Гостивар 5.144, активни 289
Кавадарци 5.133, активни 225
Охрид 4.954, активни 444
Штип 4.930, активни 251
Струмица 4.068, активни 241
Струга 2.956, активни 148
Кочани 2.754, активни 161
Кичево 2.504, активни 239
Гевгелија 2.183, активни 166
Неготино 2.170, активни 134
Свети Николе 1.509, активни 102
Ресен 1.219, активни 175
Крива Паланка 1.214, активни 46
Радовиш 1.106, активни 84
Берово 1.021, активни 23
Делчево 959, активни 70
Дебар 935, активни 25
Виница 847, активни 116
Пробиштип 778, активни 21
Валандово 663, активни 19
Богданци 494, активни 45
Крушево 489, активни 73
Демир Капија 396, активни 15
Демир Хисар 394, активни 60
Кратово 360, активни 9
Македонски Брод 356, активни 7
Пехчево 265, активни 15
Македонска Каменица 237, активни 15
Дојран 132, активни 4

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе