Биланс за 24 часа

Нови 183 заболени од ковид-19 од 1.769 тестирања, петмина починати и 102 оздравени

Вкупно 1.769 тестирања се направени во последните 24 часа, при што се регистрирани 183 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3 и во Ресен-2. Оздравени се 102 пациенти, а починаа пет. 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 102 оздравени пациенти и тоа од Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1 и од Кичево-2. 

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51), од Дебар (68), од Крива Паланка (58г, Радовиш (71) и пациент од Кочани (66), сите во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14.186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.680, активни 598

• Куманово 1.708, активни 188

• Дебар 280, активни 39

• Штип 1.234, активни 53

• Прилеп 639, активни 127

• Тетово 1.400, активни 178

• Струга 654, активни 64

• Велес 312, активни 38

• Битола 280, активни 58

• Охрид 414, активни 52

• Кавадарци 220, активни 35

• Гостивар 917, активни 107

• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 191, активни 122

• Крива Паланка 102, активни 29

• Радовиш 74, активни 23

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 286, активни 117

• Пробиштип 106, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 42, активни 8

• Берово 87, активни 27

• Валандово 20, активни 11

• Виница 103, активни 29

• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 24, активни 3

• Свети Николе 319, активни 20

• Кичево 313, активни 35

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.769 теста се преку: ИЈЗ-603, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-334,  Биотек-121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина со ПЦР метода -127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-12, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти, а на респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје): 

• Чаир – 67

• Гази Баба – 74

• Аеродром - 86

• Карпош – 71

• Центар – 83

• Кисела Вода – 58

• Ѓорче Петров – 38

• Бутел - 33

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 11

• Сарај – 13

• Арачиново – 9

• Илинден – 16

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-1

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе