Нови 178 случаи на ковид-19, починаа четири лица

Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17 ,Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.

Во Кичево има осум нови случаи, во Струга и Велес по пет, Битола и Гевгелија по четири, Охрид и Валандово по три случаи, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по двајца, а во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница, Свети Николе по еден нов заболен.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-седум, Струга-пет, Охрид, Крива Паланка и Кочани по три, Кавадарци, Гостивар,  Пробиштип и Берово по еден оздравен пациент.

Како што соопшти Министерството за здравство, починаа четири лица. Двајца од нив од Скопје на 61 и 59 години, пациент од Куманово на 69-годишна возраст и пациентка од Штип на 70 години. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи и натаму има во Скопје – 598, потоа во Куманово – 211, Тетово – 170, Прилеп, 138, Гостивар – 113, Струмица -108, Кочани – 98.

Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420,  Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од скопските општини, со најмногу активни случаи е Аеродром – 89, потоа Центар – 81, Гази Баба и Карпош по 74, Чаир – 62, Кисела Вода – 57.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе