Биланс за последните 24 часа

Нови 150 случаи на ковид-19 од 2.093 тестирања, починаа 16 лица

Вкупно 2.093 тестирања се направени во изминатите 24 часа, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, односно од тестираните позитивни се 7,2 отсто. Оздравени се 487 пациенти, а починаа 16 лица на возраст од 50 до 88 години, информира Министерството за здравство.

Новите регистрирани случаи се во Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, во Струмица, Ресен и Радовиш по 5, во Тетово и Кичево по 4, во Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница по 3, во Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево по 2, а во Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица по 1.

Регистрираните 487 оздравени пациенти се од Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, од Прилеп и Охрид по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево - 18, од Штип и Кочани по 13, од Велес и Струга по 9, од Тетово и Гостивар по 8, од Виница, Берово и Крива Паланка по 7, Радовиш – 6, од Дебар и Неготино по 5, Пехчево – 4, од Ресен и Гевгелија по 3, од Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 2 и од Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица - 6 од Скопје (50г, 62г, 66г, 79г ,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Сите се починати во болнички услови.

Направените 2.093 тестови се преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–84, МАНУ-83, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Авицена-203, Биотек-251, Систина-148, лабораторија Лаор-148, Синлаб-38, Ремедика-0, Плодност–30, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 515. Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.101, активни 4.697

Куманово 8.752, активни 795

Прилеп 8.251, активни 350

Тетово 7.178, активни 419

Битола 6.246, активни 617

Велес 5.454, активни 346

Гостивар 5.151, активни 260

Кавадарци 5.141, активни 185

Охрид 4.969, активни 345

Штип 4.949, активни 211

Струмица 4.088, активни 161

Струга 2.967, активни 118

Кочани 2.766, активни 125

Кичево 2.525, активни 210

Гевгелија 2.188, активни 154

Неготино 2.176, активни 124

Свети Николе 1.516, активни 91

Ресен 1.233, активни 180

Крива Паланка 1.216, активни 30

Радовиш 1.128, активни 86

Берово 1.026, активни 19

Делчево 963, активни 67

Дебар 938, активни 16

Виница 869, активни 111

Пробиштип 785, активни 19

Валандово 664, активни 14

Богданци 493, активни 31

Крушево 491, активни 72

Демир Капија 396, активни 14

Демир Хисар 395, активни 53

Кратово 361, активни 9

Македонски Брод 356, активни 1

Пехчево 266, активни 7

Македонска Каменица 242, активни 18

Дојран 132, активни 0

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе