Нови 140 случаи на ковид-19 и шест починати

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје-47, по што следуваат Куманово со 18 и Тетово со 15. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.

Во Прилеп има седум нови случаи, во Кочани-пет, Гевгелија, Струмица и Радовиш по четири, Штип, Струга, Велес, Битола, Гостивар, Берово и Свети Николе по три, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип, Делчево, Кичево и Ресен по двајца, и во Охрид, Крушево и Македонски Брод по еден случај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 60 оздравени пациенти од кои во Скопје-25, Куманово-девет, Кочани-шест, Штип, Струга, Пехчево по три, Прилеп, Охрид, Кавадарци и Кичево по двајца, Крива Паланка, Берово и Делчево по еден оздравен пациент.

Починати се шест лица. Тројца пациенти се од Скопје на 84, 73 и 74 години, двајца од Тетово на 68 и 55 години и еден пациент од Струга на 62-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 16 557, бројката на оздравени пациенти е 13 792, на починати е 689. Во моментов активни се 2076 активни случаи.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе