За 24 часа направени се 1.627 тестирања

Нови 139 случаи на ковид-19, оздравени се 239, едно лице почина

Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6 и во Кичево-4. Оздравени се 239 лица, а почина еден пациент.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од кои од Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6 и од Неготино-1.  

Починат е пациент од Охрид (66) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 5.239, активни 1.057

Куманово 1.193, активни 264

Дебар 221, активни 122

Штип 1002, активни 342

Прилеп 347, активни 35

Тетово 1103, активни 173

Струга 493, активни 159

Велес 238, активни 25

Битола 171, активни 71

Охрид 304, активни 77

Кавадарци 134, активни 102

Гостивар 606, активни 304

Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 43, активни 27

Крива Паланка 28, активни 14

Радовиш 36, активни 11

Крушево 16, активни 3

Кочани 120, активни 28

Пробиштип 64, активни 18

Демир Хисар 49, активни 31

Македонски Брод 57, активни 44

Пехчево 6, активни 0

Берово 10, активни 6

Валандово 7, активни 1

Виница 35, активни 31

Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 15, активни 3

Свети Николе 250, активни 86

Кичево 220, активни 128

Ресен 146, активни 11

Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.627 теста се преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-174, Биотек-167, МАНУ -132, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со ПЦР метода -175, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-15, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 119.102 тестирања на ковид-19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 152

Аеродром - 132

Карпош – 108

Гази Баба - 103 

Центар – 98

Кисела Вода – 96 

Шуто Оризари – 81

Ѓорче Петров – 73

Бутел - 65

Сарај – 44

Студеничани – 35

Арачиново – 19

Илинден – 17

Сопиште – 10

Петровец – 8

Чучер Сандево – 8

Зелениково- 5

Странец – 3

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе