Најмногу новозаразени се регистрирани во Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1. Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe и 152 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.