Министерство за здравство

Нови 128 случаи на ковид-19, нема починати лица

Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19.

Најмногу новозаразени се регистрирани во Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.  Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe и 152 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе