За 24 часа направени 1.543 тестирања

Нови 113 случаи на ковид-19, починаа 6 лица, меѓу кои и 22-годишен пациент

Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1 и во Виница-1. Починаа 6 лица, а регистрирани се 259 оздравени, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од кои во Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4 и во Ресен-2. 

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (на 64, 22 и 83-годишна возраст.), пациент од Куманово (72), пациент од Струга (48) и пациент од Охрид (75). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399,  бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 5.000, активни 1.231

Куманово 1114, активни 260

Дебар 208, активни 117

Штип 910, активни 381

Прилеп 337, активни 47

Тетово 1.071, активни 186

Струга 470, активни 187

Велес 227, активни 22

Битола 153, активни 71

Охрид 288, активни 80

Кавадарци 83, активни 61

Гостивар 513, активни 283

Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 39, активни 23

Крива Паланка 25, активни 11

Радовиш 29, активни 16

Крушево 16, активни 8

Кочани 108, активни 20

Пробиштип 58, активни 21

Демир Хисар 36, активни 27

Македонски Брод 42, активни 36

Пехчево 6, активни 0

Берово 8, активни 4

Валандово 7, активни 1

Виница 26, активни 22

Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

Кратово 14, активни 5

Свети Николе 230, активни 130

Кичево 179, активни 109

Ресен 146, активни 19

Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.543 теста се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-166, Биотек-195, МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Систина со ПЦР метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-9, ГАК-9. Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

Чаир – 164

Аеродром - 139

Кисела Вода – 129

Гази Баба - 121

Карпош – 110

Центар – 101

Шуто Оризари – 100

Ѓорче Петров – 88

Бутел - 80

Сарај – 54

Студеничани – 42

Илинден – 22

Арачиново – 21

Сопиште – 20

Петровец – 17

Чучер Сандево – 8

Зелениково- 6

Странец – 4

Нераспределен - 5

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе