Министерство за здравство

Нови 109 случаи со ковид-19, еден починат и 422 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2,  Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.

Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.942,  бројката на оздравени пациенти е 8.087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.166, активни 1.177

• Куманово 1.163, активни 263

• Дебар 219, активни 128

• Штип 965, активни 319

• Прилеп 346, активни 42

• Тетово 1.092, активни 171

• Струга 479, активни 160

• Велес 238, активни 27

• Битола 167, активни 74

• Охрид 300, активни 77

• Кавадарци 125, активни 103

• Гостивар 571, активни 306

• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 41, активни 25

• Крива Паланка 26, активни 12

• Радовиш 35, активни 11

• Крушево 16, активни 5

• Кочани 112, активни 23

• Пробиштип 63, активни 18

• Демир Хисар 43, активни 29

• Македонски Брод 53, активни 41

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 33, активни 29

• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 4

• Свети Николе 244, активни 116

• Кичево 202, активни 121

• Ресен 146, активни 12

• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 11.5590 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе