Направени се 1.356 тестирања за 24 часа

Нови 102 случаи на ковид-19, 5 починати и 99 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3 и во Кичево-4. Починаа 5 лица, а оздравени се 99 пациенти.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 99 оздравени пациенти од кои од Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1 и од Ресен-1.

Починати се 5 лица, и тоа пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72), пациент од Куманово (64), пациент од Прилеп (48) и пациент од Штип (76). Сите петмина се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315,  бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 4.699, активни 1.865

Куманово 1002, активни 294

Дебар 192, активни 124

Штип 774, активни 419

Прилеп 327, активни 55

Тетово 1000, активни 270

Струга 418, активни 191

Велес 212, активни 20

Битола 122, активни 65

Охрид 265, активни 99

Кавадарци 51, активни 34

Гостивар 393, активни 240

Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 35, активни 23

Крива Паланка 22, активни 8

Радовиш 29, активни 24

Крушево 15, активни 9

Кочани 96, активни 23

Пробиштип 48, активни 29

Демир Хисар 25, активни 23

Македонски Брод 16, активни 12

Пехчево 6, активни 0

Берово 4, активни 1

Валандово 6, активни 0

Виница 8, активни 4

Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

Кратово 13, активни 8

Свети Николе 220, активни 192

Кичево 124, активни 92

Ресен 143, активни 39

Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1356 теста се преку: ИЈЗ-416, ЦЈЗ Скопје-36,  Авицена-112, Биотек-116, МАНУ -187, Жан Митрев (Филип Втори)-274, Систина со ПЦР метода -139, Судска медицина -13, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-4, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид-19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

 

Чаир – 262

Аеродром - 205

Гази Баба - 193

Кисела Вода – 179

Карпош – 165

Центар – 150

Бутел - 128

Ѓорче Петров – 129

Шуто Оризари – 125

Сарај – 105

Студеничани – 92

Арачиново – 36

Илинден – 25

Сопиште – 21

Петровец – 19

Чучер Сандево – 12

Зелениково- 8

Странец – 8

Нераспределен- 3

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе