Нова средба меѓу МТСП и СОНК на 17 мај: Ќе се унапредуват правата на вработените во детска заштита

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија. Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе