Од јануари 2019

Нова распределба на квотите за лекови во аптеките

Фондот за здравствено осигурување утврди нова распределба на квотите за лекови за аптеките со кои Фондот има склучен договор. Новата распределба стапува на сила од 1 ви јануари следната година.

Со тоа, најголемиот број од аптеките, односно околу 500 аптеки од вкупно 778 аптеки со кои Фондот има склучен договор, од 01.01. ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за околу 20.000 денари месечно по аптека.

„Сакаме да нагласиме дека сега со новата распределба сите аптеки добиваат фер услови за обезбедување на лекови на целата територијата на Република Македонија, што не беше случај претходно, бидејќи заради начинот на распределба на квотите во претходните години настанале и големи разлики во висината на износите на квотите на аптеките, а едно правно лице добивало и за 40 насто поголема месечна квота од просечната квота на сите останати аптеки во Република Македонија", велат од ФЗОМ.

Со ова се очекува осигурениците да имаат подобра достапност до лековите во текот на целиот месец во аптеките во близина на нивното место на живеење.

Од ФЗОМ појаснуваат дека новите квоти се донесени после исцрпни анализи на дистрибуцијата на квотите на аптеките и во консултации на Фондот со Фармацевтската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Здружението на приватни аптеки.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе