Нов успех на учениците од „Јахја Кемал“ на Гринич олимпијадата

Проектите на учениците од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал" на Меѓународниот натпревар ИГО 2022 (International Greenwich Olympiad) добија златна медалја, седум проекти добија сребро и еден проект доби бронза.

Оваа олимпијада е организирана и спонзорирана од Норт грамар Лондон скул (North London Grammar School), Велика Британија.

На олимпијадата учествуваа 168 ученици од 29 земји (Азербејџан, Бангладеш, Канада, Еквадор, Германија, Индонезија, Литванија, Македонија, Мексико, Филипини, Романија, Тајланд...) со 90 високо креативни и иновативни проекти во шест категории (компјутерски науки, енергија, инженерство, еколошки науки, кратки филмови и општествени науки).

Презентациите на лице место и онлајн беа оценувани од експерти и академици од реномирани институции, вклучувајќи ги Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Кембриџ и Империал колеџ во Лондон.

Честитки за Горјан, Ихсан, Деа, Матеа, Туана, Халим, Влатко, Дрин, Дариа, Симон, Александар, Матеј, Ермир, Теодор, Ема, Ерјона, Рејхан, Марко, Емир, Ирем за овој голем напор и успех.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе