Нов предизвик за младите во Македонија во ПСУ „Јахја Кемал – Скопје

Овогодишната организација на меѓународениот натпревар за знаење Owlypia 2019 ќе се одржи во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.

Owlypia е возбудлив меѓународен натпревар за учениците на возраст од 11-14 години и од 15-18 години. Целта на овој натпревар е да ја инспирира интелектуалната љубопитност на секој млад ум и секоја година има главна тема. Во Owlypia студентите можат да учествуваат на три натпревари: Owlypia- Интернет, Owlypia-Локал, Owlypia-Глобал (Кембриџ во Англија и Харвард во САД).

ПСУ „Јахја Кемал“ е домаќин на овој возбудлив меѓународен натпревар, кој ќе се организира на 23-24 ноември во ичилиштето.

Со учество во низа тимски предизвици во пет различни тематски области, младите интелектуалци ќе имаат можност да ги споделат своите креативни идеи, да ги развијат своите мултидисциплинарни академски вештини, да го откријат својот потенцијал, да градат самодоверба, да развиваат вештини за тимска работа и да склучат нови пријателства.

Тимски предизвици: Работа во група од тројца ученици кои ќе се соочат со пет различни предизвици од дадедните пет предмети во текот на 2 дена. Тимските предизвици се: тест на одбраната тема (knowledge challenge), пишување состав (pen down challenge), дебатирање (speech-craft challenge), импровизиониран говор (Impromptu challenge) и тимски тест (Team Spirit Challenge).

Owlypia се состои од пет теми, тие се: социјални студии, уметност и дизајн, литература и култура, наука и технологија и економија и бизнис. Учениците избираат еден од дадените предмети и се подготвуваат за натпреварот со користење на дадените ресурси кои се дадени за тој предмет.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе