МОН

Нов повик за напредување на наставници во звање ментор

Повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“ е објавен денеска, а од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека на повикот можат можат да се пријават наставници од основните училишта од кои на првиот повик немало пријавени кандидати или немало кандидати кои ги исполнувале условите.

Вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ е објавен на следниот линк на МОН и во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува истиот.

„За еден наставник да може да аплицира за остварување на правото кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта чија цел е подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност, потребно е да исполнува неколку услови: да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор“, се наведува во соопштението од МОН.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот за кариерен развој, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2021 година.

Истовремено Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

 

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе