Носете две хируршки маски или КН-95 за поголема заштита од ковид-19, препорачува д-р Докиќ

На интерните клиники има 15 слободни кревети, а доктор Дејан Докиќ очекува после визита да се ослободат и дополнителен број на кревети. Докторот во изјава за медиумите укажа дека британскиот сој на ковид-19 се шири многу полесно и препорача да се носат по две маски или една, но КН-95. 

„80 проценти од пациентите кои доаѓаат на клиниките можат да бидат на домашно лекување, додека останатите 20 пациенти се со потешка клиничка слика и за нив е потребна хоспитализација. Британскиот сој се шири полесно бидејќи има мутација, истото се однесува и на Бразилски и Јужноафриканскиот сој. Пациентите полесно ќе заболуваат. Сметам дека носење две хируршки маски или маска КН-95 ќе дадат поголема безбедност. Не можеме да кажеме дали потешката клиничка слика е поради мутираниот сој или задоцнето доаѓање во болница“, рече доктор Докиќ.

Тој додава дека ревизијата за безбедност покажа дека вакцините се безбедни.

Може да се каже дека има нус појави но тоа се благи симптоми како болки во телото, малаксаност, болки во раката, вели д-р Докиќ.

Искуството со лекот ивермектин во секоја земја е различно и дека во изјавата на EMA – European Medicines Agency се вели дека тие се уште не го регистрирале овој лек, бидејќи немаат доволно докази дали делува.

„Имаат студии каде што тој имал позитивен ефект, но имаат студии и каде што немало адекватен ефект. Секаде имало некаков ефект. Во истатата таа изјава на ЕМА, Чешка како западно-европска земја членка на ЕУ и Словачка го регистрирале ивермектинот како лек против Ковид-19. Искуството на секоја земја е различно“, рече Докиќ.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе