Ниту еден од позитивните патници во авионот за Финска немал решение за изолација

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска во кој се потврдени 24 позитивни на ковид-19 и ниту еден немал решение за изолација.

„Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со овид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Претходно Министерството соопшти дека патниците во авионот биле иселеници коишто доаѓаат во Македонија, или транзитираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, а за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

„Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе