По изјавата на омбудсманот за состојбата со осудените лица

Ниту еден лекар не се јавува на огласите за работа во затвор, Филипче вели ќе се најде начин за подобра здравствена заштита

Постојниот систем на здравствена заштита на затворениците треба да се подобри и многу сме блиску до наоѓање на дефинитивниот модел, на кој долго време се работи, вели министерот за здравство Венко Филипче по денешната изјава на омбудсманот. Народниот правобранител, Насер Зибери објавувајќи го Извештајот реагираше дека Министерството за здравство потфрли и не обезбедува здравствена заштита за осудениците кои се корисници на дрога. 

„Тоа е проблем за којшто сме свесни подолго време и знам дека е информиран и Народниот правобранител и подолго време бараме решение. Неколку пати се објави оглас во Здравствениот дом Скопје којшто е одговорен да ја спроведува таа здравствена заштита во затворите и секој друг здравствен дом во градовите кај што има затвори, меѓутоа не се пријави ниту еден лекар. И затоа сега се прави малку поинаков план, едно да има дополнителна финансиска стимулација за тие лекари коишто ќе работат на тоа или да биде по системот на ротација. Многу сме блиску до наоѓање на дефинитивниот модел, долго време се работи, не беше едноставно да најдеме како. Сега има систем на здравствена заштита, меѓутоа треба да се подобри и сме свесни дека треба да се подобри и мислам дека ќе најдеме и за тоа решение“, рече Филипче на новинарско прашање.

Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот за здравствената заштита на затворениците истакна дека 476 затвореници од вкупниот број од 2.118 (затвор-притвор), страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога, и дека Министерството за здравство не го дава ни миниумот овие институции да имаат доволни здравствени екипи, специјализирани за зависниците од дрога.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе