Несериозно е среде пандемија да се менува Филипче и да се стави човек кој треба да се снајде, вели Пановски

При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, д-р Никола Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Смената на министерот Филипче доаѓа по договорот за влез во Владата што премиерот Зоран Заев го постигна со Африм Гаши од Алтернатива за обезбедување на парламентарно мнозинство. Во ресорите кои и беа дадени на Алтернатива е и Министерството за здравство кое треба да добие нов министер. 

„За мене човекот е непознат. Не знам дали има искуство во јавното здравство. Доаѓа во ек на пандемија и е несериозно да се стави човек кој треба да се снајде, многу е важно каков тим ќе има меѓутоа без разлика што сум критикувал и ќе критикувам оваа промена не требаше сега да се направи. Башка не е доктор тој е стоматолог, не знам зашто мораше тука да се направи промената“, вели Пановски во неговото гостување на Утринска на Телма.

Доктор Пановски додава дека младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните.

Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе