„Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи за 8,5 проценти, што е значително понизок пораст споредено со претходната недела – 55,7 отсто и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор,“ се вели во соопштението.
Комисијата посочува дека од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.
„Останува силната препорака за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19,“ апелира КЗБ.