Од здравство уверуваат

Нема простор за паника од корона вирусот, од утре на аеродром ќе се скенираат патниците од Истанбул и Дубаи

Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде што е жариштето на овој вирус, заклучи Комисијата за заразни болести. 

„Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Филипче вели дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекуваат и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионот на Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симпотми, најави дека од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понтаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симпотми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Филипче рече дека имаме алгоритам на делување за лекување потенцијално заразени доколку треба изолација и карантин. Согласно досегашните постапки, има огромно искуство кај експертите епидемиолози, експерти од областа на инфективната медицина во третманот на препознавање, превенција и рано откривање на овие пациенти кога беше случајот со епидемијата на ебола.

„Станува збор за вирус што дава многу слични симптоми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заоболени од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања”, рече Филипче и додаде дека епидемиолозите сметаат оти е практично невозможно пристигнувањето на вирусот преку стоки.

Доктор Жарко Караџоски, член на Комисијата, појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат каква било симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симптоми ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување да се јават.

Караџоски уверува дека епидемиолошката служба е ставена во целосна приправност, Инфективната клиника со сите свои капацитети може да одговори на сегашниот предизвик, дека Министерството за здравство ќе направи свој придонес во делот на дистрибуција, набавка и во доопремување на институции доколку се укаже потреба и оти министерот за здравство е во состојба да активира дополнителни екипи доколку биде потребно во овој момент.

Најважно, спроед него, е дека во моментов нема потреба од каква било паника. 

„На Балканот во ниту една држава нема сознанија дека има заболен од ова заболување, а слично како останатите држави кои се подготуваат за ова и ние ги правиме истите подоготовки и сме подеднакво во тек со сите”, рече тој.

Караџовски нагласи дека во моментов вакцина нема и дека тоа треба да го знае населението и дека најважна е превенцијата за заштита од овој вирус. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе