Министерство за здравство

Нема промена во бројките, новозаразени 1.182, починати 25, активни 20.485

Бројот на новозаразени лица од ковид-19 во последните 24 часа е 1.182 од направени 3.109 тестирања. Најмногу се од Скопје – 544. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти, а бројот на починати лица е 25. Бројот на активни случаи е 20.485, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на новозаразени во Куманово е 48, во Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4,  Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18. 

Најмногу оздравени има во Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18,  Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9, Неготино-17.

Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, на починати е 1.487, а бројот на активни случаи изнесува 20.485. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 23.612, активни 9.854

• Куманово 3.357, активни 922

• Дебар 421, активни 86

• Штип 2.383, активни 533

• Прилеп 2.521, активни 998

• Тетово 3.447, активни 979

• Струга 1.239, активни 392

• Велес 1.695, активни 771

• Битола 1.637, активни 808

• Охрид 1.362, активни 612

• Кавадарци 1.030, активни 441

• Гостивар 2.047, активни 710

• Гевгелија 638, активни 218 (45 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 115 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1.514, активни 591

• Крива Паланка 381, активни 126

• Радовиш 382, активни 128

• Крушево 107, активни 69

• Кочани 1.111, активни 308

• Пробиштип 313, активни 73

• Демир Хисар 168, активни 73

• Македонски Брод 145, активни 34

• Пехчево 94, активни 27

• Берово 312, активни 82

• Валандово 177, активни 64

• Виница 333, активни 171

• Делчево 380, активни 164 (103 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 142, активни 77

• Свети Николе 736, активни 230

• Кичево 1.114, активни 515

• Ресен 386, активни 154

• Неготино 447, активни 275 (44 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 3.109 теста се преку: ИЈЗ-665, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-326, Биотек-345, МАНУ -272, Жан Митрев (Филип Втори)-308, Систина со PCR метода -236, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-95, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-93, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-40, ЈЗУ (рапид тест) -535, УК Пулмологија со алергологија –5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 309.590 тестирања на ковид -19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) - 

• Чаир – 621

• Гази Баба – 1.462

• Аеродром -1.433

• Карпош – 1.211

• Центар – 1.188

• Кисела Вода – 1.207

• Ѓорче Петров – 811

• Бутел - 539

• Шуто Оризари – 179

• Студеничани – 51

• Сарај – 148

• Арачиново - 36

• Илинден – 246

• Сопиште – 62

• Чучер Сандево – 103

• Петровец – 124

• Зелениково -68

• Странец – 174

• Нераспределен - 191.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе