Жали за новиот клинички центар, се гордее со тимскиот дух

Нема причина за дополнителни мерки за новогодишните празници, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања за време на новогодишните празници со објаснување дека поголеми собири има и овие денови и оти специјално за Нова година не се предвидуваат дополнителни мерки.

„Мерките засега се добри. Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволни со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека со неговиот наследник во Министерството за здравство, Беким Сали од Алтернатива не се познава лично, но ќе иницира состанок во наредните денови, зашто, како што рече, сака да го пренесе искуството. Пораката што ја испрати и до Сали и до сите други идни функционери е да бидат транспарентни и достапни за новинарите.

Пред заминување од функцијата Филипче одговори и на новинарските прашања за што најмногу жали, а на што е најмногу горд за периодот на неговото министерување.

„Во однос на тоа за што најмногу жалам е што не успеавме да го започнеме проектот за нов Клинички центар. Јас сум убеден дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисокото ниво на здравствена заштита, тоа е терцијарната. И покрај сите реновирања кои се прават за да се модернизираат условите во кои работиме, сепак новата модерна медицина, интегрираниот тип на здравствена услуга бара и поинаква инфраструктура. Има нова апаратура која не може да се внесе во малите операциони сали кои ги имаме сега, тоа бара еден нов концепт. Апелирам опозицијата во периодот кој доаѓа да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница“, рече Филипче.

Кога станува збор за тоа на што најмногу е горд, тој рече дека ако треба нешто да издвои тоа е тимскиот дух кој го имале изминатиот период и што сите политики ги носел заедно со колегите. Исто така, тој го истакна функционирањето во времето на пандемијата со ковид-19.

„Прво горд сум што имавме одлична соработка и координација во едни од најтешките периоди во историјата на државата. За жал нè снајде пандемија во целиот свет и кај нас. Ние, здравствените работници покажавме дека со ентузијазам и со голема желба и љубов кон работата може да се успее во целокупниот третман на пациентите и реорганизација на пациентите. Успеавме да обезбедиме болнички кревети и третман за сите пациенти. Понатаму горд сум на тоа што направивме сите процеси во Министерството за здравство да се одвиваат инклузивно – никој да не останува по страна и сите чинители да учествуваат во креирањето на политиките. Тука се колегите со стручните здруженија, здруженијата на пациенти со различни болести и граѓанските организации. Ме прави горд тоа што успеавме со голема помош на премиерот Зоран Заев да инвестираме близу 30 милиони евра во изминатите четири години за да се зголемат примањата на здравствените работници и сега платите заедно со дежурствата се некаде скоро дуплирани во однос на тоа што беа во 2017“, рече министерот.

Како што кажа, горд е со тоа што биле обезбедени оригинални лекови и е укинат паралелниот увоз, како и тоа што ниту еден пациент со ретка болест, според него, не останал без соодветен лек. Горд е, рече и на тоа што се реновирани голем број здравствени установи.

Филипче дојде на функцијата министер за здравство во декември 2017, по заминувањето на Арбен Таравари.

Филипче денеска беше на реновираната универзитетска  Клиника за ортопедски болести која се наоѓа во најстарата зграда на Клиничкиот центар на простор од 1.300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови.

Тој информираше дека реновирањето чинело околу 13 милиони денари, а најголем дел од средствата се обезбедени од самата Клиника додека другиот дел од донаторите.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе